Десетици луѓе се повредени во стампедо што се случи во Јужна Кореја за време на прославата на Ноќта на вештерките. Во инцидентот има и загинати.
Вознемирувачко видео
Breaking: At least 50 injured after stampede during a Halloween party in the Itaewon area of Seoul, South Korea.
Warning- Graphic video:
pic.twitter.com/VqbR3fxZV6— PM Breaking News (@PMBreakingNews) October 29, 2022
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека 50 лица доживеале „срцев удар“ по стампедото. Претставникот на противпожарната служба Чои Чеонсик изјави дека според некои извештаи, околу 100 луѓе биле повредени во стампедото во населбата Итаевон.
Голем број луѓе се собраа за време на прославата на Ноќта на вештерките во централниот кварт на Сеул. Локалните медиуми посочуваат дека причина за стампедото било тоа што позната личност посетила бар во Итаевон.