Утрински Весник
Спорт

(Видео) Српски коментатор: Не победи Адам од „Бетон халата“, има 108 килограми како мене

(Видео) Српски коментатор: Не победи Адам од „Бетон халата“, има 108 килограми како мене

Унгарија ја победи Србија со 2:1 во Белград, во четвртото коло од квалификациите за пласман на ЕП од групата Г. Тоа беше дуел на двете водечки селекции во групата, кои пред средбата го поделија првото место со по седум бодови, а Унгарија по него скокна на првото место.

dobivaj vesti na viber

Неуспехот на Србите во свој карактеристичен стил го коментираше поранешниот фудбалер на Железничар, Атлетико Мадрид, Вердер и југословенската репрезентација, а денес стручен коментатор на српската државна телевизија, РТС, Раде Богдановиќ.

„Бев изненаден кога унгарскиот селектор го внесе Адам, центарфор кој наликува како да е дојден од „Бетон халата“. Тој игра во Јужна Кореја и ја има мојата тежина, а јас имам 108 килограми кога ќе затворам едно око“, прокоментира Богдановиќ, а потоа се префрли на неговата селекција.

„Нашиот начин на игра е доста ризичен и лесно нè читаат сите. Во овој систем на игра Митровиќ и Влаховиќ не можат да играат заедно. Тоа го видовме вечерва. Со глава гарантирам дека не можат“, е пораката на Раде Богдановиќ.

Можете да прочитате

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ

Целиот стручен штаб на ФК Вардар поднесе оставка