Утрински Весник
Македонија

(Видео) Среќна вест – малиот Дамјан ја победи тешката болест

Image 1.png

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде повторно одекна „победничкото ѕвонче“ – симболот на успешно завршена борба со тешка болест. Овојпат, ѕвончето го заѕвони храбриот Дамјан, кој по долг и тежок период на лекување ја извојува својата најважна победа.

Од Клиниката соопштија дека Дамјан ја поминал и ја освоил битката со огромна храброст и издржливост, а медицинскиот тим упати искрени честитки за неговото оздравување.

„На Дамјан му посакуваме многу здравје и среќно, безгрижно детство“, порачаа од Клиниката, споделувајќи ја радоста со семејството, персоналот и сите што го следеа неговото закрепнување.

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово