Утрински Весник
Магазин

(Видео) Спилберг: Том Круз го спаси Холивуд со „Топ-ган: Маверик“

(Видео) Спилберг: Том Круз го спаси Холивуд со „Топ-ган: Маверик“

Од една легенда за друга.

dobivaj vesti na viber

Славниот режисер Стивен Спилберг не губеше време за да го пофали Том Круз за време на традиционалниот оскаровски ручек во понеделникот, на кој присуствуваа номинираните за „Оскар“.

Пред да го прегрне, Спилберг покажа колку е воодушевен од новиот блокбастер Top Gun: Maverick – кој доби номинација во категоријата Најдобар филм.

„Го спаси Холивуд, а можеби и дистрибуцијата во кината“, му вели Спилберг на Круз во клипот споделен на „Твитер“. „Сериозно, ‘Маверик’ можеби ја спаси целата филмска индустрија.“

 

Филмот, продолжение на класикот од 1986 година, заработи неверојатни 1.48 милијарда долари во светски рамки откако почна да се прикажува во мај минатата година. Исто така, собра импресивни 96% на веб-страницата „Ротен томатос“, позната како агрегат на рецензии за филмови.

Спилберг и Круз, кои претходно работеа заедно на „Малцински извештај“ и „Војна на световите“, споделија видео за нивната куса средба на настанот на кој Круз дебитираше со впечатлив нов изглед.

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња