Интер и ПСЖ одиграа пријателски натпревар во Токио. И покрај тоа што играчите на ПСЖ доминираа во текот на целиотг натпревар, победи Интер со 2:1.
Во текот на целиот натпревар, фудбалерите на ПСЖ беа подобри на теренот, имаа многу шанси, искористија само една. Покрај многуте промашени шанси, треба да се истакне и одличниот голман Филип Станковиќ. Синот на легендата на Црвена звезда и Интер, Дејан Станковиќ, одбрани речиси се. Не можеше само да го спречи евро-голот на Витиња во 63.минута.
КОга не искористија еден куп добри шанси „светците“ ги стигна казна во последните десет минуит.
Играчите кои влегоа од клупата Фратези, Сенси и Еспозито во само 120 секунди го креираа пресвртот. Фратези беше асистент за двата гола што ги постигнаа во 81. и 83. минута Еспозито и Сенси.