Работите на автопатот Кичево – Охрид поради кој се затвори новиот пат до главната туристичка дестинација во Македонија, секојдневно предизвикуваат гужви како за жителите така и за туристите. Попладнево се случи и сообраќајна незгода помеѓу автобус и автомобил.
Ова дополнително го блокираше единствениот пат преку кој може да се стигне до Охрид. Според првичните информации, нема тешко повредени лица а причинета е материјална штета.
Изминативе два дена состојбата со гужвите ја доусложнуваат и делегациите кои присуствуваат на Преспа дијалог форумот кој се одржува во Охридско – Струшкиот регион.
Во моменти кога проагаат делегации возилата кои се наоѓаат на патот до Охрид мораат да влезат во приватни ниви со нивните возила за да поминат возилата со ротациони светла.
Охриѓани се револтирани дека се отежнува туристичката сезона бидејки гужвите предизвикуваат револт кај туристите, но и за нив е тешко бидејки дел работат во Охрид а живеат во околината на Дебрца.