Утрински Весник
Македонија

(Видео) Собир за Кочани во Скопје: Свесни сме дека институциите не постапуваат, од утре веќе нема да молчиме

Plostadkojesleden.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стотици граѓани вечерва се собраа на шест месеци од пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, а над 200 повредени.

Од иницијативата „Кој е следен“ која повика на собир, порачаа дека шест месеци нема правда за Кочани, дека институциите не постапуваат.


„Треба да сносат одговорност сите оние кои биле вмешани во работењето на дискотеката „Пулс“. Ние сме тука да потсетиме дека граѓаните не го простуваат ова. Денеска овој молк ќе биде исполнет со тага и лутина, од утре веќе не молчиме. До кога ќе чекаме овој случај да има разврска? Ова е најголемата трагедија што се случила, каде многу мои врсници го изгубија својот живот“ порача Анастасија Павловска од „Кој е следен“.

Таа најави масовна мобилизација веќе од утре, но не даде детали за следните активности, но повика граѓаните масовно да се приклучат.

Инаку, на мирниот собир, на Плоштадот во Скопје вечерва граѓаните оставија пораки со сочувство и поддршка за семејствата на загинатите и повредените.

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите