Во светот на животните се можни секакви чуда, па во Бразил се случило куче да изнесе на прошета друго куче.
Видеото неодамна беше објавено на „Редит“, а на него се гледаат двете кучиња поврзани со јаженце. Поголемото, германски овчар, трча околу помалото, го насочува и го и влече напред.
Над клипот има опис: „Тато ја изнесе ќерката на прошетка“.
Сепак, луѓето во коментарите не беа баш убедени. Еден корисник напиша дека и двете кучиња изгледаат млади, друг пак, мисли дека и двете кучиња се всушност женки.
„Ова може да се види само во Бразил,“ искоментираа некои.