Утрински Весник
Свет

(Видео) Со дрон погоден голем руски воен брод, украинската страна тврди дека ставиле 450 килограми ТНТ

(Видео) Со дрон погоден голем руски воен брод, украинската страна тврди дека ставиле 450 килограми ТНТ

Службата за безбедност на Украина (СБУ) заедно со украинската морнарица извршила операција во Новоросијскиот залив, во која бил оштетен големиот десантен брод „Оленегорски рудар“, изјавиле за украинските медиуми извори од Украинската специјална служба.

dobivaj vesti na viber

„Како резултат на нападот, на Оленегорск е создадена сериозна дупка и моментално не може да ги извршува своите борбени задачи. Сите руски изјави за „одбиениот напад“ се лажни“, рекол изворот, пренесува Интерфакс Украина.

Агенцијата Униан наведува дека на снимката која и ја доставиле извори во украинската СБУ се гледа како поморскиот дрон на СБУ со 450 килограми ТНТ напаѓа руски брод со околу 100 членови на екипажот.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на својот извор, исто така објави дека рускиот брод бил оштетен во акција на украинската СБУ и морнарицата.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека е одбиен обидот за напад на базата во Новоросијск со беспилотни летала на украинската морнарица.

 

Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море.

Можете да прочитате

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

НАТО: Поддршката за Украина продолжува