По снимката на ајкула на речиси три километри од брегот на Закинтос, на социјалните мрежи се појави уште едно видео снимено во близина на грчкиот остров, каде што се наоѓа една од најубавите плажи во Европа.
View this post on Instagram
„Ајкула е видена на друг остров во Грција. Островот Серифос, на 80 метри од брегот“, стои во описот на снимката на ајкулата на „Инстаграм“, објавен на профилот nikana.gr.
„Не се гледа многу убаво, но изгледа како сина ајкула. Инаку, сините ајкули ретко ги напаѓаат луѓето. Од 1580 до 2013 година сината ајкула каснала луѓе само 13 пати, од кои четири завршиле со смрт, а од 10 до 20 милиони од овие ајкули се убиваат од луѓето секоја година и може да станат загрозен вид“, забележуваат познавачите, а други стравуваат дека ако е мако-ајкула, најбрзата ајкула во светот, исто така нема да биде првпат да залута на грчките острови.