На социјалните мрежи се појави видео од моментот на експлозијата во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина. Најверојатно се работи за надзорна камера која снима над голема и прометна раскрсница.
На видеото се гледаат автомобили кои ја минуваат раскрсницата, но потоа во еден момент се гледа дека нешто паднало. Потоа се гледа густ чад, а автомобилите повеќе не минуваат низ раскрсницата, по што дошло до голема детонација. Според она што може да се види од снимката, од моментот на ударот до детонацијата поминало извесно време.
Руското министерство за одбрана подоцна соопшти дека руски воен авион случајно пукал со муниција кон градот Белгород, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради.
В Белгороде произошел взрыв, от которого на пересечении проспекта Ватутина и улицы Губкина осталась воронка радиусом 20 метров.
По словам губернатора, пострадавших нетhttps://t.co/NEfFG2TMUQ
📷: zhest_belgorod / Telegram pic.twitter.com/nDw8ttK6Yz— Медиазона (@mediazzzona) April 20, 2023
Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер рече дека две жени се повредени. „Додека авионот Сухој Су-34 на воздухопловните сили летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на авијациска муниција“, рече Тас, објавувајќи го соопштението на Министерството за одбрана.
Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор. Министерството соопшти дека некои згради се оштетени и најави дека истрагата е веќе во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.