Утрински Весник
Свет

(Видео) Снимен моментот кога силниот земјотрес прекина венчавка во Мароко

(Видео) Снимен моментот кога силниот земјотрес прекина венчавка во Мароко
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога силниот земјотрес го прекина музичкиот настап на свадба во Мароко. На видеото се гледа како пејачката и другите музичари ја напуштаат сцената и трчаат низ вратата на церемонијата во Маракеш, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 300.000 луѓе во Маракеш и неговите предградија беа погодени од силен земјотрес во Мароко, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Се вели дека OCHA „внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да обезбеди поддршка“.

Последните информации покажуваат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата.  Повредени се најмалку 2421 лице. Имаше предупредувања дека бројот на загинати може да продолжи да расте бидејќи спасувачите стигнаа до оддалечените рурални области.

Можете да прочитате

Кремљ: Европските и украинските измени не ги зголемуваат шансите за мир во Украина

Данската пошта прекинува со достава на писма

Шефица на американското разузнавање: Русија не е способна да ја окупира Украина, а камоли Европа