Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

(Видео) Скршениот трофеј на Ферстапен се изработуваше 6 месеци и чинеше 40.000 евра!

(Видео) Скршениот трофеј на Ферстапен се изработуваше 6 месеци и чинеше 40.000 евра!
300x250 opst2

Пилотот на Ред бул, Макс Ферстапен во неделата стигна до седмата последователна победа во Формула 1, триумфирајќи на Унгарското ГП, но остана со скршен трофеј, откако неговиот близок пријател (и ривал), возачот на Мекларен, Лендо Норис успеа да го скрши при прославата.

dobivaj vesti na viber

Норис го тресна шишето шампањско од подиумот, по што трофејот на Ферстапен падна и се скрши. Неговиот тим Мекларен се извини преку социјалните мрежи, а од Ред бул на шега одговорија дека „рекордите се тука да се кршат“, посочувајќи на нивната 12-та победа едноподруго.

Необичниот порцелански трофеј кој се доделува на Унгарското ГП е навистина посебен – тој се изработува во славната „Херенди порцеланмануфакура“, компанија основана во 1826 година која ја снабдувала со порцелан династијата Хабзбурзи во Австро-Унгарија и во повееќе кралски семејства. Според унгарските медиуми, трофејот кој го доби Ферстапен се изработува шест месеци и чини 40.000 евра.

(Видео) Норис му го искрши победничкиот трофеј на Ферстапен

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025