Утрински Весник
Свет

(Видео) Скршени излози, фрлен солзавец – милиони на протести низ улиците во Франција

(Видео) Скршени излози, фрлен солзавец – милиони на протести низ улиците во Франција

Работниците одржаа протестни маршеви низ Франција по повод 1 мај, Меѓународниот ден на трудот, незадоволни што претседателот Емануел Макрон ја зголеми старосната граница за пензионирање, а полицијата употреби солзавец во Париз и Нант на западот на земјата.

dobivaj vesti na viber

Французите по одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години најавија „историски демонстрации“ за 1 мај.

Софи Бине, лидерот на левичарскиот синдикат CGT, рече дека пензиската реформа го оставила францускиот претседател Емануел Макрон изолиран, објави „Ројтерс“.

https://www.youtube.com/watch?v=R_V5t5SKpzA

„Извршната власт не може да владее без поддршка од народот“, рече Бине пред протестите во Париз, додавајќи дека нејзиниот синдикат сè уште не одлучил дали ќе разговара со владата за други проблеми поврзани со работата во наредните недели.

Лоран Берже, шеф на реформскиот синдикат Се-Еф-Де-Те (ЦФДТ), рече дека владата на Макрон ги игнорирал барањата на едно од најмоќните општествени движења во последните децении. Тој кажа дека неговиот синдикат е отворен за разговори со Владата. „Мораме да ставиме други предлози околу платите и работните услови на маса“, изјави тој за „ТВ БФМ“.

Демонстрантите фрлаа балони полни со вода кон службите за итни случаи, ги скршија прозорците на најмалку две банки и обоија некои згради со спреј.

На улиците има голем број полицајци, а полицијата фрли солзавец кон демонстрантите.

Демонстрантите веќе ги кршат излозите на продавниците во Лион и се собираат во другите големи француски градови.

Популарноста на Макрон, откако ја зголеми старосната граница за пензионирање за две години на 64 години, падна на најниско ниво од кризата со „Жолтите елеци“.

Планирани се првомајски протести и низ цела Германија. Во Италија, трите главни синдикати одржаа протест во јужниот град Потенца во знак на протест против работниот пакет одобрен од десничарската премиерка Џорџа Мелони.

На северот во Торино, демонстрантите одржаа протестна прошетка носејќи кукла со ликот на Мелони која ја крева раката во фашистички поздрав. Концерт на отворено, традиционално организиран од синдикатите на Денот на трудот, ќе се одржи во Рим. Во Швајцарија без поголеми инциденти се одржа парада низ Цирих, соопшти полицијата.

 

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници