Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Италија, почувствуван и во Хрватска

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Италија, почувствуван и во Хрватска
Dik 300x250 mk

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јадранскиот брег во близина на италијанскиот град Римини, соопшти ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на околу 64 километри источно од Римини, додава ЕМСЦ. Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, особено на брегот, но и во централна Хрватска.

Засега нема извештаи за потенцијални жртви и материјална штета.

На социјалните мрежи беа објавени првите снимки од земјотресот, од настанатата штета.

https://www.youtube.com/watch?v=RjiNuD7nxcM

Италијанските медиуми јавуваат дека превентивно е запрен железничкиот сообраќај на Јадранската пруга, поради сомневање за оштетување на шините.

Можете да прочитате

Tројца загинати и 29 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Трамп со услов до Путин: Не сакам да губиме време

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија