Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен ветер и дожд го погодија најголемиот шпански остров Мајорка

(Видео) Силен ветер и дожд го погодија најголемиот шпански остров Мајорка

Силен ветер и дожд го погодија најголемиот шпански остров Мајорка, пишува „Дејли Меил“.

dobivaj vesti na viber

Жителите и туристите објавија видеа на социјалните мрежи на кои може да се види дека ветрот ги носи лежалките, покрај базените. Дождот и ветровите ги направија хотелите на островот непрепознатливи.

Локалните медиуми јавуваат дека во текот на вчерашниот ден во рок од еден час биле пријавени повеќе од 80 инциденти поврзани со поплави предизвикани од дожд.

Ветерот уриваше палми, а возачите се пробиваа низ поплавени улици.

Метеоролозите прогнозираат дека невремето ќе продолжи да го зафаќа најголемиот шпански остров уште некое време. Во неделата беа издадени предупредувања за Мајорка, Ибица, Менорка и Форментера – сите Балеарски Острови.

Метеоролозите велат дека во Мајорка дувале ветрови со брзина од 120 километри на час.

Туристите кои престојуваат во Мајорка објавија снимки на социјалните мрежи на кои може да се видат како се кријат зад автомобилите од невремето.

Покрај тоа, водата навлегла во многу подруми на островот.

Бремена жена во Калвија била пренесена во болница откако врз неа паднал уличен знак.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков