Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шутаров: Поради неспособноста и рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во тотален хаос

(Видео) Шутаров: Поради неспособноста и рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во тотален хаос

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, пиоради кавгите и рацете во медот, Град Скопје е во целосен хаос, истакна на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„За само една година, ВМРО-ДПМНЕ направи пепел од Скопје. Неработење, хаос и кавги за тендери, тоа е нивниот учинок. Денес, Скопје е нефункционален град, со нефункционални јавни претпријатија и нефункционална градска администрација“, нагласи Шутаров.

Граѓаните, додава тој, се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а катастрофална е ситуацијата и во други јавни градски претпријатија.

„Додека Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се караат, меѓусебно се клеветат и закануваат, граѓаните трпат штета. СДСМ преку својата советничка група прави и ќе прави сè за да се заштитат интересите на Градот и на граѓаните“, вели тој.

Скопјани, оценува советникот во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, не заслужуваат ваква деструктивна, неодговорна градска власт.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола