Утрински Весник
Спорт

(Видео) Шоу на Роналдо и Талиска за победа над Ал-Ахли

(Видео) Шоу на Роналдо и Талиска за победа над Ал-Ахли

Фудбалерите на Ал-Наср го победија Ал-Ахли со 4:3 во натпреварот од 7. коло во првенството на Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

Кристијано Роналдо постигна два гола на натпреварот. Португалецот ја предводи листата на најдобри стрелци со девет погодоци.

Ова беше дуел на две екипи кои многу се засилија летово.

На едната страна Роналдо, Мане, Брозовиќ, Лапорт, на другата Менди, Марез, Фирмино, Каси, Сен Максимин.

Како и да е, Роналдо покажа дека се уште е во топ форма.

Португалецот веќе во 4. минута погоди за 1:0, а потоа и во 52. кога му ја обезбеди победата на својот тим за 4:2.

Два гола за Ал-Наср постигна брилијантниот Талиска, кој прави чуда во тандем со Роналдо.

Садио Мане асистираше за еден гол.

Од друга страна, стрелци за поразениот тим беа Кеси, Махрез и Ал-Брикан.

Можете да прочитате

Пандев бара оставки од Сејдини и Милевски: Чашата е прелеана

Ново засилување – Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони