Утрински Весник
Економија

(Видео) Шкријељ: Им помагаме на ранливите категории во време на криза, пратениците да дадат поддршка за Законот

(Видео) Шкријељ: Им помагаме на ранливите категории во време на криза, пратениците да дадат поддршка за Законот

Владата го усвои Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Сега, ова законско решение влегува во прoцедура пред собраниските тела и пред пратениците. Овој Закон обезбедува финансиска поддршка за најранливите категории во време на криза и опфаќа околу 180.000 граѓани,изјави на денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12.000 денари предвидено е да добијат – корисниците на право на социјална сигурност на стари лица; корисниците на посебен додаток; корисниците на правото на надоместок заради попреченост; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Финансиска помош од 3.000 до 6.000 денари за период од четири месеци ќе добијат и пензионерите кои имаат пензии до 14.000 денари.

Република Северна Македонија е социјална држава и овие мерки се во насока на помош и поддршка на оние категории граѓани кои имаат најмногу потреба од тоа,истакна Шкријељ.

Шкријељ ги повика сите пратеници овие измени на законот за чии финансиски импликации веќе се обезбедени средства од Буџетот, да дадат поддршка на измените со цел исплатата на помошта да започне веќе идниот месец.

Особено упати апел до колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, на 17 октомври, на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, ги повикуваме да се откажат блокадите и да дадат поддршка на законските измени. Во период на криза, нема време за дневна политика, туку е потребно ефикасно делување и носење на соодветни мерки за помош на најранливите,изјави Шкријељ.

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата