Утрински Весник
Спорт

(Видео) Шампионска фешта под Везув и домашна победа за Наполи и Елмас

(Видео) Шампионска фешта под Везув и домашна победа за Наполи и Елмас

Новите италијански шампиони Наполи имаа спектакуларен пречек на „Стадио Диего Армандо Марадона“, каде што со своите фанови го прославија третото скудето кое веќе го освоија во четвртокот на гостувањето кај Удинезе. Овојпат тие добија и шпалир од Фиорентина, која на крајот ја победија со 1:0 со гол од пенал на Виктор Осимен, откако Нигериецот промаши во првата шанса.

dobivaj vesti na viber

Тифозите, кои ги пречекаа и на патот до стадионот, на трибините имаа фантастична кореографија со италијанската тробојка и бројот 3, за третата круна по таа од 1987 и 1990 година. На долгиот банер околу стадионот пишуваше: „Ние луѓето кои сме родени под сино небо и покрај морето, мора да го напишеме сонот. Благодариме за тоа што ни го дадовте и на тие кои веќе не се тука уште еден датум за сеќавање“.

На теренот, можеби резултатот не беше во преден план, и за трите поени, наполитанците добро се испотија. Во 48. минута, Виктор Осимен од пенал доби шанса да постигне нов гол пред своите верни навивачи, но не успеа, за во 72. минута од мечот, повторно од пенал да биде сигурен за 1:0.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина