Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна воен авион во Русија, гори зграда

(Видео) Се урна воен авион во Русија, гори зграда

Руски воен авион се урна врз станбена зграда во градот Јејск во Краснодарската област, во близина на југоисточната граница со Украина. Избувна огромен пламен.

dobivaj vesti na viber

Падот на авионот го потврди и руското Министерство за одбрана.

Тие изјавија дека борбениот авион Су-34 се урнал и дека пилотот успеал да се катапултира.

Падобранот може да се види и на една од фотографиите кои кружат на руските канали на Телеграм.

„Додека да достигне до височина за изведување тренинг лет од воениот аеродром на Јужниот воен округ, авионот Су-34 се урна. Авионот се урнал во близина на градот Јејск. Според извештајот на пилотите кои се катапултирале, причината за падот е палење на еден од моторите при полетување“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Додаваат дека авионот паднал во дворот на зградата и дека горивото се запалило.

Судејќи по снимката, гори и станбената зграда.

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин ги слушал извештаите на министрите и гувернерите и му наредил на шефот на регионот, на раководителите на Министерството за вонредни ситуации и на Министерството за здравство да летаат во Јејск за да им помогнат на жртвите.

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола