Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Се урна мост во Краљево, сообраќајот во прекин

(Видео) Се урна мост во Краљево, сообраќајот во прекин
300x250 opst2

 

dobivaj vesti na viber

Водата од невремето во Србија го урна мостот на Ибарската магистрала кај Краљево, а дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Директорот на ЈП „Србијаводе“ Горан Пузовиќ изјави дека моментално најкритична е состојбата во Јагодина, Трстеник, Брус, Сокобања каде се излеале реките, а бранот се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Најпрво се урна дел од Ибарската магистрала во Адрани, поради што сообраќајот е во прекин. Сега се урна и вториот дел од мостот во Адрани кај Краљево на Ибарската магистрала. Водата претходно однесе дел од мостот на главниот пат, поради што сообраќајот на Ибарската магистрала меѓу Краљево и Чачак е во прекин.

Поради обилните врнежи, многу делови на Србија се поплавени, на повеќе места се прогласени вонредни ситуации.

Вонредна состојба досега е прогласена во 42 града и општини. Од утрово се евакуирани 55 лица.

Можете да прочитате

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите