Смртта на Михалис Какурис, навивач на АЕК од Атина, се уште е главна тема во медиумите ширум Европа, а грчкиот портал Скај го објави најновото видео од трагедијата. Од нов агол може да се види како Кацурис бил мачен ноќта на големата трагедија. Тој носел сина кошула, се обидел да побегне, но бил пристигнат од противнички хулиган, кој го удрил со палка, а потоа го избодел. Отишол да се сокрие повреден, но толку многу крварел што после тоа само издишал и колабирал.
07.08.2023, AEK Athens🇬🇷 vs BBB (Dinamo Zagreb🇭🇷), new video https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/xydMZvI4PM
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 14, 2023
Деновиве фудбалот во Европа зборува за насилството на хрватските навивачи во Атина. Хаосот во Грција по убиството на навивач на АЕК со денови не стивнува.
„Бед Блу Бојс“, навивачите на Динамо Загреб направија хаос во Атина, ги нападнаа сите што ќе им се испречеа и се обидоа да влезат на стадионот.
По интензивно насилство, брутално беше убиен 29-годишен навивач на АЕК, а главни осомничени се хрватски државјани и еден навивач на Панатинаикос.