Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите во Одеса убиле еден, раниле 18 и ја уништиле катедралата, тврди украински гувернер

(Видео) Русите во Одеса убиле еден, раниле 18 и ја уништиле катедралата, тврди украински гувернер

Во рускиот напад врз пристанишниот град Одеса, загина цивил, а околу петнаесет лица, меѓу кои и деца, беа ранети, изјави гувернерот на тој регион.

dobivaj vesti na viber

„За жал, еден цивил беше убиен во напад на Русите на Одеса во текот на ноќта“, напиша гувернерот Олех Кипер на Телеграм.

Кипер малку порано извести за рускиот напад во 3 часот по полноќ (02:00 часот по средноевропско време).

„Во Одеса имаме 18 жртви, меѓу кои четири деца. Четиринаесет лица се пренесени во градските болници, меѓу кои три деца“, рече тој, додавајќи дека спасувачките екипи се на местото на настанот.

Пред тоа, гувернерот зборуваше за „штети на цивилната инфраструктура, станбените згради и верските институции“. „Повеќе системи за ракетна одбрана“ и тактички проектили за Украина побара шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак.

Одеса, чиј историски центар е вклучен во списокот на светско наследство, редовно е цел на руски напади. Градот доживеа ноќ од пеколот во четвртокот, при што Киев ја обвини Москва дека ја таргетира пристанишната инфраструктура за да го спречи можното обновување на украинскиот извоз на жито. Во петокот, УНЕСКО најостро ги осуди руските напади врз неколку музеи кои претрпеа штета.

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар