Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите го ракетира Покровск: втората ракета ги уби оние кои ги спасуваа жртвите

(Видео) Русите го ракетира Покровск: втората ракета ги уби оние кои ги спасуваа жртвите
Dik 300x250 mk

Руски ракети синоќа двапати го погодија центарот на украинскиот Покровск, при што загинаа осум лица, меѓу кои пет цивили, објави регионалниот гувернер Павло Кириленко, додека во областа Харков две лица загинаа во руски напади.

dobivaj vesti na viber

Вториот проектил беше испален 40 минути по првиот, убивајќи ги и ранувајќи ги првите што реагираа по првата експлозија, изјавија очевидци на нападот на снимателот на Ројтерс.

Меѓу загинатите има двајца спасувачи и едно воено лице, девет полицајци и едно воено лице се ранети, но повеќето од 31 повредени се цивили, вклучително и член на локалниот градски совет, соопштија украинските власти.

Покровск е град под контрола на Украина во близина на линијата на фронтот, а снимките покажуваат како спасувачите минуваат низ урнатините, уништен автомобил и станбена зграда со искршени балкони.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, извести за уште две цивилни жртви на руските напади во селото Крухљакивка во областа Харков. Убиени се 45-годишна жена и маж на 60-годишна возраст, а пет лица се повредени, изјави регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов.

Можете да прочитате

Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини

Најмалку 20 загинати во пожар во автобус во Индија