Украински беспилотни летала ја погодија Москва рано утринава, при што е повредено едно лице и оштетени згради, а летовите на аеродромот Внуково се прекинати, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на официјални извори.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздухот над областа Одинцово, а уште две се урнале во Москва, пренесува ТАСС.
#Russian officials report a drone attack on #Moscow. One of the towers of the Moscow City complex was damaged. pic.twitter.com/g6yKOkTOuC
— NEXTA (@nexta_tv) July 30, 2023
Едно лице е повредено во експлозијата во зградата, соопшти ТАСС, повикувајќи се на итната помош. Аеродромот е затворен за пристигнувања и полетувања, соопшти агенцијата. Градоначалникот Сергеј Собјанин претходно изјави дека фасадите на две деловни згради се оштетени, но дека нема жртви, пренесува ТАСС.
Украинската влада не одговори веднаш на барањето за коментар. Русија во понеделникот соопшти дека жестоко ќе возврати на Украина откако два беспилотни летала оштетија згради во Москва, со еден напад во близина на објект каде војската одржува брифинзи за она што Русија го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров тогаш изјави дека ќе има нови напади со беспилотни летала.