Утрово се пријавени десетина воздушни напади на руските сили низ цела Украина. Киев утрово се разбуди со експлозии и детонации, а слична состојба е во Харков, што го потврдија градоначалниците на двата града.
Градоначалникот на Киев објави дека Русија го нападнала Киев во последните неколку напади врз Украина. Кличко изјави дека две лица кои биле повредени во утринските експлозии, се хоспитализирани.
Новинарите во Киев известија дека ги слушнале експлозиите во 6 часот наутро.
Нападнат е и Лавов. Четири лица загинаа во руските ракетни напади во западниот регион на Лавов, рече шефот на регионалната воена администрација на Телеграм.
„ Воздушниот аларм за жителите на областа Лавов, траеше четири часа оваа вечер… Во областа Золочин, непријателска ракета падна во станбена област. Избувна пожар. Веќе е изгаснат. Во овој момент е познато за четири мртви. Се работи за возрасни лица. Двајца мажи и две жени. Тие биле дома кога падна ракетата. Остатоците сè уште се отстрануваат. Можеби други луѓе се под нив“.
Уништени се три станбени згради. Козицки објави видео од штетата:
⚡️ The head of the Lviv Regional Military Administration posted the video of the consequences of the [russian] missile crash in the Zolochiv district.
👉 Follow @Flash_news_ua pic.twitter.com/0UBG7u9rwC
— FLASH (@Flash_news_ua) March 9, 2023
Напади се регистрирани и во Одеса, а новинарот на „Тајмс“ изјави дека чад се забележува од термичката централа во Киев.
Експлозиите предизвикаа исчезнување на електрична енергија во одделни градови.