Утрински Весник
Свет

(Видео) Родители во агонија, не ја знаат состојбата на своите деца: „Му ѕвонам на моето дете, но никој не ми се јавува“

(Видео) Родители во агонија, не ја знаат состојбата на своите деца: „Му ѕвонам на моето дете, но никој не ми се јавува“

Досега официјално се прогласени 38 за мртви по железничката несреќа во Грција. Нивната агонија ја доживуваат и роднините на патниците, особено оние кои се уште не знаат дали нивните најблиски ја преживеале тешката несреќа кај Лариса, бидејќи се уште има исчезнати.

dobivaj vesti na viber

Една видно вознемирена мајка им рекла на новинарите дека му се јавува на своето дете, а тој не ѝ одговара. Како што рече, засега не добива информации од никого.

Според грчките медиуми, најголем дел од патниците во патничкиот воз кој се судрил со товарниот воз биле студенти.

Панајотис Стафилас, кој се наоѓал во кобниот воз, го опиша своето застрашувачко искуство: „Случајно се најдов во вагонот 5, додека на мојот билет пишуваше вагонот 2. Во моментот на несреќата спиев, неколку секунди пред сударот нешто ми засмета и се разбудив. И одеднаш сфаќам дека нагло сме запреле и дека лицето на еден патник е крваво“.

На прашањето дали имало кочење, патникот објаснил дека тоа е симулирано сопирање и дека нема постепено намалување на брзината.

Можете да прочитате

Данска ќе дозволи употреба на вештачка интелигенција на завршните испити во средно училиште

Михал: Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина