Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ретки диви кози забележани на падините на Водно

Whatsapp image 2026 01 10 at 15.42.33.jpeg

Денеска на падините на скопската планина Водно беа забележани две диви кози, што претставува исклучително редок и необичен призор за ова подрачје.

Дивите кози (дивокози) се заштитен вид и најчесто живеат во планински и карпести предели, на големи надморски височини, каде има стрмни терени и тешко пристапни места. Во Македонија нивното природно живеалиште се високопланинските области како Шар Планина, Кораб, Бистра, Јакупица и делови од Маврово, каде наоѓаат доволно храна и природна заштита од предатори и човечки активности.

Според познавачите на дивиот свет, појавата на диви кози во близина на урбана средина како Водно може да се должи на повеќе фактори, меѓу кои климатските промени, недостигот од храна во нивните вообичаени живеалишта, зголемената човечка активност или вознемирување на природните терени. Во одредени периоди од годината, животните може привремено да се спуштат на пониски надморски височини во потрага по храна и вода.

Ваквите појави, велат експертите, се потсетник за богатството на биодиверзитетот во Македонија и за важноста од зачувување на природните живеалишта, особено во непосредна близина на големите градови.

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица