Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин во Кремљ пречека девојче која не успеа да го види во Дербент

(Видео) Путин во Кремљ пречека девојче која не успеа да го види во Дербент

Рускипот претседател Владимир Путин ја покани Раисат Акипова од Дербент да го посети Кремљ, која беше вознемирена што не можеше да го види шефот на државата додека тој беше во градот како дел од работната посета на Дагестан.

dobivaj vesti na viber

„Кога го напуштив Дербент и пристигнав во Москва, ми покажаа слика од тебе како плачеш. Се подразбира дека, за жал, не можам да разговарам со секој кој беше на плоштадот, но секако бев трогнат од твојата реакција. Бидејќи не можам често да ја напуштам Москва, решив да те поканам тебе и мајка ти и тато да ме посетите“, и рекол Путин на девојката.

Заедно со ученичката во Кремљ пристигнаа и нејзините родители Ахмет и Култум Акипови.

Путин ги покани гостите да видат каде работи, а потоа заедно да пијат чај.

Претседателот ја однел Раисат во неговата канцеларија и и понудил да седне на неговото столче. Оттаму Путин му телефонирал на премиерот на земјата Михаил Мишустин и го прашал каде е.

„Дали си на работа или шеташ некаде?“, се пошегувал Путин.

За време на чајот, рускиот претседател разговарал со родителите на девојчето и ги прашал што работат, колку деца имаат, а тие разговарале и за Дербент.

Рускиот лидер им подарил книга за Кремљ со негов потпис.

На 28 јуни, за време на работната посета на Дагестан, Путин одржа состанок за развојот на туризмот во Севернокавкаскиот федерален округ.

Претседателот, како што пренесуваат тамошните медиуми бил пречекан со аплауз. Младите буквално го опколиле Путин, му поставувале прашања и го снимале настанот со своите телефони.

Можете да прочитате

Трамп: „Нема договор, но сме блиску“ – Путин: „Ова е почетна точка“

Путин и Трамп со заедничка прес-конференција во живо

Трамп и Путин слетаа во Алјаска