Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин: Непријателите сакаат распад на рускиот свет

(Видео) Путин: Непријателите сакаат распад на рускиот свет

Рускиoт претседател Владимир Путин денес, обраќајќи им се на воените команданти и на министерот за одбрана, рече дека „стана очигледно дека војната во Украина е неизбежна“, додавајќи дека „подобро е да се случи денес отколку утре“.

dobivaj vesti na viber

„Стана очигледно дека конфликтите со овие сили, вклучително и оние во Украина, се неизбежни. Единственото прашање беше кога тие ќе се случат“, рече Путин, а потоа додаде: „Се разбира, воените операции секогаш се поврзани со трагедија и човечки загуби. Но, имајќи предвид дека тоа беше неизбежно, подобро денес отколку утре“, рече Путин, додавајќи дека „трагедиите во Украина не се вина на Русија“.

Додаде дека Украинците сè уште ги гледа како „братски народ“. Тој повтори: „Непријателите на Русија сакаат распад на нашата земја. Секогаш ја имаа таа цел – распаѓање на рускиот свет” рече тој.

Во обраќањето, Путин рече дека нема ограничувања за финансирањето на војската.

„Оваа земја и владата ќе дадат сè што ќе побара армијата. Сè“, рече Путин, кој во истиот говор призна дека мобилизацијата не поминала како што треба. „Го молам Министерството за одбрана внимателно да ги слуша цивилите и да ги земе предвид критиките и навремено да одговори на нив“ рече Путин.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња