Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Путин им го честита Велигден на православните верници од црквата Христос Спасителот во Москва

(Видео) Путин им го честита Велигден на православните верници од црквата Христос Спасителот во Москва
300x250 opst2

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Велигден на православните христијани, нагласувајќи дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји.

dobivaj vesti na viber

„На овој празничен ден, со чувство на длабоко задоволство, сакам да ја истакнам креативната, навистина подвижна активност на Руската православна црква и другите христијански деноминации, насочени кон зачувување на нашето најбогато историско и културно наследство, решавање на клучни општествени проблеми, зајакнување на семејните институции, едукација на младите, усогласување на меѓуверските и меѓуетничките односи“, рече Путин во честитката, пренесува Интерфакс.

Рускиот претседател истакна дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји и дека денес, соочени со сериозни предизвици, активно се вклучува во дела на милосрдие, помагајќи им на луѓето да најдат силна духовна поддршка.

Според Путин, Велигден им дава надеж на верниците, ги поттикнува добрите мисли и дела и служи за афирмирање на високи морални идеали и вредности во општеството.

Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин присуствуваа на полноќната велигденска литургија во црквата Христос Спасителот во Москва, која ја отслужи патријархот московски и на цела Русија, Кирил.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД