Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукна брана во Русија се евакуираат жители

Screenshot 2024 04 05 235526.png

„Во Орск пукна браната. Во тек е евакуација на жителите на градот кој се наоѓа во зоната на поплавата“, се наведува во соопштението на службите за вонредни ситуации, пренесува ТАСС. Агенцијата ТАСС го цитираше Министерството за вонредни ситуации дека може да бидат поплавени до 4.000 куќи во предградијата на Орск поради пукањето на браната. Локалните служби за итни случаи во соопштението наведуваат дека работат на евакуација на жителите и зајакнување на браната.

Непроверени снимки кои кружат на Телеграм покажува вода како тече низ пукнатината на браната. Во областа Оренбург во близина на границата со Казахстан е прогласена вонредна состојба.

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести