И покрај дождот и насобраните противници во Белград сепак се одржува Парадата на гордоста. Како што пренесува репортерката на РТС, многумина од учесниците се странци.
Учесниците на литијата, кои се обидуваат да ја спречат парадата, во неколку наврати успеале да ги полеат со вода припадници на ЛГБТ популацијата, како и оние кои ги поддржуваат. Како што се наведува, станува збор за света вода, за која сметаат дека ќе ги промени ставовите и сексуалната ориентација на учесниците на Прајдот. Тие влетаа меѓу активистите кажувајќи молитви и држејќи икони во рацете.
Полициските кордони ги обезбедуваат главните раскрсници во Белград. Силни полициски сили го окупираа просторот околу Уставниот суд, а со полицијата е и министерот за внатрешни работи Александар Вулин.
Противниците на Парадата на гордоста, неколку стотици претежно млади на возраст од триесет години, се собраа околу храмот Свети Сава и тргнаа пешки кон Правниот факултет, но беа спречени на улицата Београдска од полицијата за да не стапат во контакт со учесниците на гордоста.
Полицијата претходно денеса до 15 часот приведе 31 лице, поради нарушување на јавниот ред и мир во главниот град.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград се приведени четворицата мажи кои денеска шутираа припадници на полицијата на улицата пред Домот на Народното собрание на Србија. Тие добија притвор до 48 часа од Првото основно јавно обвинителство Белград за кривичното дело член 23 од Законот за јавен ред и мир – Попречување службено лице во вршење на службената должност.
Приведени се К.Н.(30) и М.М. (32), М.М. (34) и Т.Б. (35).
Фрлени се бакли кон полицијата која ја обезбедува парадата во булеварот Ослободување.