Жителите на кинескиот Гуангжу, град под карантин поради коронавирусот, излегоа на улиците за да го покажат своето противење на строгите мерки против пандемијата.
Снимките и сликите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат лути демонстранти како ги уриваат бариерите поставени од локалните власти, пишува Си-Ен-Ен.
Apart from the issues mentioned above, before the #Guangzhou clashes, rumours again played a role it seems. Workers had heard that testing companies were faking PCR test results to boost infection numbers and earn more money. #China pic.twitter.com/sad9cO2KAm
— Stephen McDonell (@StephenMcDonell) November 15, 2022
Циркулираат снимки на кои се гледаат голем број луѓе кои ги прескокнуваат срушените бариери во градскиот кварт Хаижу, кој се смета за епицентар на епидемијата во градот и е под се порестриктивен карантин од 5 ноември.
Јавните протести се исклучително ретки во Кина и властите успешно се справуваат со секој обид за критика. Овој протест е јасен знак за зголемен гнев и очај кај јавноста поради строгото спроведување на стратегијата нулта ковид. Гуангжу во вторникот пријави повеќе од 5.100 нови случаи на коронавирус, од кои повеќето немаат симптоми.
Прашањето е дали стратегијата на Кина за борба против коронавирусот навистина може да биде успешна, со оглед на новите варијанти на вирусот кои брзо се шират, пишува Си-Ен-Ен. Во вторникот, кинеската Национална здравствена комисија објави повеќе од 17.772 нови случаи на инфекција низ целата земја, што е највисок вкупен број од април 2021 година, при што Гуангжу сочинува повеќе од една четвртина од тие случаи.
Градот затвори вкупно три области, вклучувајќи го и Хаижу, минатата недела за да го запре ширењето. На жителите им беа воведени низа ограничувања за движење и деловни активности. На ова во последните денови следеа дополнителни мерки за населбите кои беа означени како „висок ризик“.
Зголемениот број случаи и строгите мерки принудија повеќе жители низ Кина да се сомневаат во цената на мерките што властите ги спроведуваат за искоренување на случаите. Високи кинески претставници, вклучително и кинескиот лидер Си Џинпинг, ветија дека мерките ќе бидат избалансирани со економските и социјалните интереси.
Граѓаните кои се во карантин се соочуваат со низа проблеми како отежнат пристап до медицинска нега, недостаток на храна и други потреби и недоволни приходи поради губење на работа. Не постои опција за далечинско работење за да се зачува приходот за вработените.