Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести во Берлин против испораката на оружје во Украина: „Тоа не е наша војна“

(Видео) Протести во Берлин против испораката на оружје во Украина: „Тоа не е наша војна“

Илјадници луѓе се собраа денеска во Берлин на протест против вооружувањето на Украина за војна со Русија.

dobivaj vesti na viber

Протестот го организираше истакнатата левичарска политичарка Сара Вагенкнехт, пратеник од поранешната комунистичка партија Левица.

„Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!… Затоа што секој изгубен ден чини уште 1.000 животи – и нѐ приближува до Третата светска војна“, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.

На еден од транспарентите пишуваше „Преговарај, не ескалирај“, додека на друг пишуваше „Не е наша војна“.

Портпаролот на полицијата рече дека околу 10.000 луѓе се собрале пред Бранденбуршката порта во центарот на Берлин.

Полицијата мобилизираше 1.400 членови за да го зачува мирот и да ја спроведе забраната за носење воени униформи, руски и советски знамиња, пеење руски воени песни и истакнување десничарски симболи. Портпаролот на полицијата рече и дека десничарските групи не учествувале на протестот, кој поминал мирно.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер напиша на Твитер дека кој не е со Украина е на погрешната страна на историјата.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк