Пропагандистот на Путин Владимир Соловјов го повика Кремљ да почне да ги користи бруталните „методи“ што ги користеше советскиот диктатор Јосиф Сталин како дел од инвазијата на Украина. Во сопствената емисија на државниот канал Русија 1, Соловјов порача дека руската армија мора брутално да одговори на украинските сили.
Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, сподели кратка снимка од емисијата на Твитер во која Соловјов повика на употреба на методите на истакнатите советски разузнавачи Павел Судоплатов и Лаврентиј Берија.
Russian propagandist Solovyev wonders when Russia will begin to use Stalin’s methods towards Ukraine.
Solovyev seems to forget that in Stalin’s times, the “methods” he mentions were often turned against those loyal to Stalin. pic.twitter.com/o6ecMCOZU2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 7, 2023
„Мораме да користиме методи од времето на Сталин“
„Значи, прашањето за нас е, кога ќе почнеме безмилосно да се одмаздуваме? Кога ќе почнеме да ги спроведуваме зборовите на рускиот претседател Владимир Владимирович Путин, врховниот командант? – праша Соловјов.
„Ние сме во војна со терористите и тоа мора да се разбере многу јасно. И ние мора да ги користиме методите што беа користени во времето на Сталин“, продолжи тој.