Утрински Весник
Свет

(Видео) Приврзаниците на Болсонаро упаднаа во Конгресот и други институции, полицијата употреби солзавец

(Видео) Приврзаниците на Болсонаро упаднаа во Конгресот и други институции, полицијата употреби солзавец
Dik 300x250 mk

Бразилската полиција денеска се судри со приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во главниот град Бразилија, откако некои демонстранти упаднаа во зградата на Конгресот.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите се обидоа да влезат во претседателската палата, но претседателот Луис Инасио Лула да Силва не беше во палатата, пишува „Блумберг“.

Полицијата употреби солзавец во обид да ги спречи демонстрантите, јавуваат локалните медиуми.

Демонстрантите во жолти и зелени кошули нападнаа неколку полициски возила кои ја обезбедуваа зградата, јави агенцијата ЕФЕ, пренесува Дојче веле. Тие ја уништија и заштитната бариера што води до зградата на парламентот.

Според „Скај њуз“ се претпоставува дека приврзаниците ја пробиле блокадата поставена од безбедносните сили и упаднале во зградите на Владата.

Немирите дојдоа една недела откако новоизбраниот претседател Лула да Силва положи заклетва и се врати на власт по 12 години, победувајќи го Болсонаро на изборите на крајот на октомври.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно