Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, а од денес пристигна и во Македонија и донесе снег на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија. Во продолжение погледнете ја снежната бајка која доаѓа од Лабунишки Бачила, Јабланица, Струшко.
Снег има и на Скијачките центри, односно на Попова Шапка.
Врнежи од дожд и снег на планините ќе има и денес, како и во следните денови, особено за време на викендот кога очекуваме нови поинтензивни врнежи. На планините, особено на оние со поголема надморска височина, и особено во западните и во северозападните предели ќе се формира и снежна покривка.