Утрински Весник
Свет

(Видео) Преку протест, граѓаните во Молдавија бараат владата да им ги плати сметките за парно

(Видео) Преку протест, граѓаните во Молдавија бараат владата да им ги плати сметките за парно

Неколку илјади демонстранти се собраа во главниот град на Молдавија, барајќи новата, прозападна влада во таа земја целосно да ги покрие сметките за парно на граѓаните во текот на зимата, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Протестот беше организиран од неодамна формираната група наречена „Движење за народот“, а беше поддржан од членовите на проруската молдавска партија Шор, која има шест места во парламентот на поранешната советска република од вкупно 101.

Некои од демонстрантите кои се собраа во Кишињев повикаа на оставка на претседателката на земјата, извикувајќи „Долу Маја Санду!“.

„Имаат милиони. Умираме од глад“ , извикувале тие.

Санду неодамна зборуваше за наводниот заговор на Москва за соборување на молдавската влада, со цел да ја оттргне земјата од европскиот пат и да се стави на располагање на Русија.

Можете да прочитате

85% од јаболките во Европа содржат остатоци од повеќе пестициди

Ердоган нуди посредништво меѓу Иран и САД

ЕК покрена постапка против Романија поради нелегални депонии