Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пожарот во галијата изгаснат, повредени лица нема

(Видео) Гори галијата во Вардар

Изгаснат е пожарот што денеска околу 13 часот изби во галијата во Вардар, во центарот на Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од противпожарната бригада информираа дека нема повредени лица.

Причина за пожарот најверојатно е човечки фактор, но како што истакнаа надлежните засега е непозната и дополнително ќе се утврдува.

Претходно командант на Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски, за „Макфакс“ изјави дека била опожарена внатрешноста на галијата, а на терен излегле дванаесетмина пожарникари и три возила.

Ова не е првпат галијата да биде опожарена. Кусо откако Град Скопје во 2021 година почна да ја урива, пожар изби во нејзината внатрешност, а пожар имаше и во март годинава.

Можете да прочитате

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

Шести ден блокада кај Љубојно против масовната сеча, полицијата казни учесник во протестот поради попречување на патот