Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО) Повреден во „Пулс“: Не се нервирам за моите изгорени раце, жал ми е што го изгубив моето ангелче

Screenshot 20250603 202913 messenger.jpg

Ново, траорно сведоштво за пожарот во Кочани се шири на социјалните мрежи.

Еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ Дарко Златев сподели дека во пожарот вечерта во дискотеката едвај го спасиле, но ја изгубил својата внука од сестра.


Вели дека не се нервира што неговите раце се изгорени, туку што го изгубил неговото ангелче.

@balkanmmoments #macedonia #viralvideos #fyp #macedonia🇲🇰 #balkan #balkantiktok #v #f #foru #foruyou #kocani ♬ Originalton – Roberto

„Бевме на забава со моите другари во дискотеката и седевме точно кај бината од каде започна пожарот. Кога видов дека веќе се пали плафонот и почнав со мојата вода и со другарите да гасиме. Дојде и газдата на дискотеката со ПП-апарат почна да гаси ама тој ПП-апарат не беше соодветен. Пејачот на бендот ДНК почна да вика во тој момент излегувајте еден по еден тоа беше толпа на народ. Целиот плафон се запали, бев многу блиску до вратата и се заглавив на самиот излез. Снема струја, многу голем чад имаше, пискаа, викаа сите… Јас ги ставив само рацете да не ми изгори главата и веќе се откажав и другиот колега го видов како помага на луѓето и тој ме извлече надвор без патики, без алишта… Дојде брза помош ме однесоа во кочанската болница ми ставија инфузија, сестрите колку можеа помагаа на некои не можеа и ме однесоа за Скопје. Вечерта ме испратија за Белград имав трет степен изгореници на десната рака, имав потешкотии со дишењето. На левата рака имам трансплантации на прсти и на дланка, на десната рака имам кожа одземено од сопствените нозе. Се јавив на мојата сестра да прашам како е мојата внука, и она ми кажа дека е почината. Бев во депресија, не можев да го прифатам тоа што сум го изгубил. Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа. И никогаш животот нема да ми биде ист како што ми бил до сега“ вели Златев.

Можете да прочитате

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа, ќе се намалат царинските стапки на 67 стоки