Утрински Весник
Свет

(Видео) Потресни сцени од Јоханесбург: меѓу 52 жртви и едно дете, пожарникарите се уште трагаат по тела

(Видео) Потресни сцени од Јоханесбург: меѓу 52 жртви и едно дете, пожарникарите се уште трагаат по тела

Најмалку 52 лица загинаа, меѓу кои и дете на две или три години, во пожар што избувна во зграда во центарот на Јоханесбург.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува во живо локалниот медиум Тајмс, итната помош соопшти дека се повредени 48 лица.

Портпаролот на службите за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека пожарникарите добиле повик за пожар околу 1.30 часот.

„Се работи за зграда на пет ката која се запали во раните утрински часови. „Успеавме да ги евакуираме луѓето кои беа во зградата веднаш штом пристигнавме“, рече тој.

Меѓу загинатите, рече тој, има и „мало дете кое може да има меѓу една и две години“.

Од повредените, некои се здобиле со вдишување чад, додека други се здобиле со полесни повреди.

Тој потврди дека пожарот е ставен под контрола и дека се уште е во тек потрагата и спасувањето, како и дека се уште не е позната причината за пожарот.

Можете да прочитате

Американската војска почнува да ги протерува трансродовите лица

Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва голема миса

Москва го слави Денот на победата, бројни светски лидери пристигнаа кај Путин