Утрински Весник
Македонија

(Видео) Поткаст ЗРАК: Мозочниот удар е причина број еден за инвалидитет во светот

Zrak17.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со Д-р Марина гостин беше специјалистот доктор Јован Божиновски од Клиниката за неврологија кој зборуваше за невролошките болести на денешницата.

Тој ги објасни првите симптоми на мозочниот удар како и процесот на лекување по преживеан мозочен удар,


„Првите симптоми кај пациенти што доживеале мозочен удар се одземеност на некоја страна од телото, рака или нога, променет говор, искривување на лицето, тешкотии при одржувањето рамнотежа, главоболки, промени во видот и видното поле. Тоа се најчестите појави кои и пациентите, но и колегите лекари треба да ги препознаат навремено, за таквите пациенти да бидат соодветно третирани, бидејќи времето е мозок и колку побрзо се реагира, толку може и третманот да биде подобар. Мозочните удари се уште во светот се број еден причина за инвалидитет. За среќа, дел од мозочните удари можат многу лесно да се превенираат и над 80% можат да бидат превенирани. Затоа е битно да се подигне нивото на здравствена култура на граѓаните за можностите што ги нуди превенцијата“ порача Божиновски.

Тој додаде дека првите три до четири часа по преживен мозочен удар се клучни и дека тој се лекува интердисциплинарно, но и дека токму мозочниот удар е најчеста причина во светот за инвалидитет.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи