Утрински Весник
Македонија

(Видео) Портпаролот на Левица го запали Кривичниот законик

(Видео) Портпаролот на Левица го запали Кривичниот законик

Во знак на револт за измените на Кривичниот законик, портпаролот на Левица го запали Кривичниот закон.

dobivaj vesti na viber

„Во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување“ вели портпаролот на Левица Амар Мециновиќ.

– Во овој момент, измените ќе влијаат на 14 судски пресуди и обвинети над 80 лица, не сметајќи ги случаите кои се наоѓаат во ОЈО ГОКК. Се аболицираат тројца сегашни пратеници од редовите на ДПМНЕ. СДС го враќа и Никола Груевски. На вчерашната собраниска седница, предаторската волја на широката коалиција пресуди, за да се убие правичноста и да се осигура неказнивоста. Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција. Менувањето на Кривичниот законик, не само што им одговара на корумпираните партиски раководства, туку се случува и како обид за повторно наметнување на уставните измени за бугаризација на Македонија, како што такви измени беа донесени и пред насилното менување на уставното име, рече Мециновиќ.

Тој на крајот на прес конференцијата го запали Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор