Утрински Весник
Свет

(Видео) Политичар од Романија се појави гол на состанок на интернет, претседавачката и колегите се смееја

(Видео) Политичар од Романија се појави гол на состанок на интернет, претседавачката и колегите се смееја
Dik 300x250 mk

Политичар од Романија се појави гол на камерата на својот лаптоп додека се тушираше за време на состанокот, предизвикувајќи насмевка кај претседавчката и смеење од страна на неговите колеги.

dobivaj vesti na viber

Според локалните медиуми станува збор за пратеник на Социјалдемократите (ПСД) Алберто-Јосиф Караијан кого камерата на лаптоп го сними во неговата бања додека започнуваше состанокот.

Карајан се појави гол со мокра коса откако очигледно излезе од туш додека присуствуваше на состанок.

Претседателката се насмевна кога виде што се случува и се слушна смеа во салата.

На средината на состанокот се слуша како некој довикува: „Алберто исклучи ја камерата“, а потоа сфатил што направил, па Караијан одговорил: „Но, не можам да ја исклучам“.

Пратеникот потоа продолжил: „Не можам да ја исклучам, целосно се извинувам, настинав и не знам како да ја исклучам“.

Потоа ја спуштил слушалката, а подоцна облечен повторно се придружил на состанокот.

Подоцна, според написите, Караиан се извинил и на Фејсбук за тоа што се случило.

Тој напиша: „Технологијата си игра со мене. За жал, ја платив цената за брзањето! Навистина ми е жал за немилиот инцидент“.

Комичниот инцидент стана вирален на социјалните мрежи каде некои го искористија за да го критикуваат, додека многу други излегоа да го поддржат.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа