Утрински Весник
Свет

(Видео) Покриена со црви и измет: морничави детали за смртта на жена која 12 години лежела мртва на креветот во Луизијана

(Видео) Покриена со црви и измет: морничави детали за смртта на жена која 12 години лежела мртва на креветот во Луизијана

Брачна двојка од Луизијана, чија мртва ќерка била пронајдена споена со креветот каде што лежела неподвижна цели 12 години, повторно се обвинети за убиство, откако судијата ги отфрлил обвиненијата, поради технички причини.

dobivaj vesti na viber

Шила и Клеј Флечер првично беа уапсени во јануари 2022 година, откако нивната ќерка Лејси Елен Флечер (36) беше пронајдена мртва на креветот покриена со урина и измет и тешка помалку од 45 килограми.

Двојката подоцна беше обвинета за убиство од втор степен во шокантниот случај на акутно медицинско занемарување, но окружниот судија Кетрин Џонс ги отфрли обвиненијата минатиот месец откако адвокатите на осомничените се спротивставија на обвиненијата.

Флечерс беа ослободени со кауција, но беа повторно уапсени на 19 јуни и обвинети од големата порота за убиство.

„Ќе се погрижиме да има правда за Лејси и јавноста да знае дека старателите ќе бидат обвинети за занемарување или злоупотреба на лицето за кое се грижат“, рече окружниот обвинител Сем Д’Аквила.

Телото било пронајдено во семејната куќа во Слотер заглавено во кратер од кревет кој бил полн со ѓубре. Локален лекар ја опишал несреќната жена како се стопила во парчето мебел. Лејси беше покриена со црви и рани, и имаше измет на лицето и телото.

Родителите тврделе дека се невини и дека нивната ќерка е со здрав ум и одбила да ја напушти дневната соба каде и носеле оброци. Властите соопштија дека на жената и била дијагностицирана социјална анксиозност и дека имала историја на тежок Аспергеров синдром, форма на нарушување на спектарот на аутизам што ги остава луѓето со неприлагодливи социјални вештини.

„Лејси можеби седела во сопствената нечистотија околу 12 години“, рече судскиот лекар.

Таа тежела помалку од 45 килограми и била позитивна на Ковид-19 откако била пронајдена, соопштиле надлежните.

До крајот на годината се очекува да им се суди на нејзините родители кои се на слобода.

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница