Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пленковиќ бара мудрост: Нема да биде добро да се доведете во позиција да ви кажат дека го забавувате процесот на преговори

(Видео) Пленковиќ бара мудрост: Нема да биде добро да се доведете во позиција да ви кажат дека го забавувате процесот на преговори

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ посочи дека Македонија треба да се приклучи кон побрзата динамика за пристапниот процес во Европската Унија. Пленковиќ посочи дека со влезот во ЕУ ќе се заштити македонскиот идентитет.

dobivaj vesti na viber

„Нема да биде добро земјата да се доведе во позиција другите да ѝ кажат дека таа го забавува процесот. Знам колку нам ни значеше пристапувањето кон ЕУ, колку е поразвиена, колку средства има на располагање, инвестициите… Вие како земја и народ со влезот во ЕУ ќе го заштитите идентитетот. Затоа е политички мудро да најдете пат со кој сите ќе се сложите“, изјави Пленковиќ.

Според него, Хрватска ја разбира Македонија.

„Знаеме дека одлуките што моравте да ги донесете ниту беа едноставни ниту беа лесни. Испадна дека секогаш постои уште некој предуслов. И затоа во овој поширок контекст, велам, а ова треба да го разберете добро: Ако Украина доби кандидатски статус, ако тоа го доби Молдавија или ако го доби Грузија, ако Босна и Херцеговина доби кандидатски статус, ако Косово аплицира, Србија и Црна Гора преговараат – тогаш сега е моментот. Во тој контекст и Северна Македонија штитејќи го својот национален интерес и идентитет, како и јазик, да се вклучи на начин со кој ќе се зголеми динамиката. Моментот треба да се искористи“, додаде Пленковиќ.

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив