Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

(Видео) Пендаровски одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, на свечена церемонија во Филхармонијата, во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека одликуваните уметници ги посветија своите животи на промовирање на народното творештво како суштински елемент на македонскиот идентитет.

Преку нивниот неповторлив инструментален и вокален талент, рече претседателот Пендаровски, овие врвни народни уметници ја претставија нашата изворна музика пред македонската и светската јавност на маестрален начин.

Ова се видеоисечоци посветени на одликуваните:

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!