Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски од Варшава: Ќе продолжиме со воена и хуманитарна помош за украинскиот народ

(Видео) Пендаровски од Варшава: Ќе продолжиме со воена и хуманитарна помош за украинскиот народ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на официјалната посета на Република Полска, заедно со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда одржаа прес-конференција, на која претходеше тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на македонската и полската делегација.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски изјави дека со Дуда оствариле искрен и содржаен разговор, осврнувајќи се на повеќе теми, а централна тема на состанокот била војната во Украина.

„Од Варшава сакам уште еднаш да ја потврдам нашата позиција дека Република Северна Македонија останува конструктивен партнер на западната алијанса во одговорот на руската агресија преку целосно спроведување на рестриктивните мерки на ЕУ, како и во поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници. Во таа насока, нема дилема дека ќе продолжиме да обезбедуваме воена и хуманитарна помош за украинскиот народ кој ја брани својата земја“, изјави Пендаровски.

Двајцата претседатели ги потврдија нивните заеднички заложби како кредибилни партнери во НАТО Алијансата и ја поздравија соработката меѓу државите како дел од ОБСЕ тројката.

Во однос на енергетската криза, Пендаровски и Дуда констатирале дека во наредниот период треба потесно да соработува на овој план, а подетално за економските предизвици ќе дискутираат подоцна во текот на денот на тркалезната маса со претставници на полските бизнис комори и претставници на македонската бизнис заедница.

Пендаровски ја истакна и соработката што ја имаме со Полска во образованието и културата, како успешен пример на македонско-полските односи и градењето на образовните, јазичните и културните врски. Утрешниот, втор ден од посетата на Пендаровски во Полска, ќе биде посветен токму на оваа соработка која дава значаен придонес во развојот на пријателството и меѓусебната почит и разбирање.

Пендаровски додаде и дека Полска отсекогаш била наш принципиелен и гласен поддржувач, а во следниот период, полската поддршка ќе биде засилена не само билатерално, туку и преку Вишеградската група, како и преку другите регионални форуми во кои членува.

Можете да прочитате

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат

ВРЕДИ: ДУИ 20 години ја користи коцката како банкомат

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема